Search

Во Кичево се одржа концерт на отворено на здружението „Артал”

Музичари од културното здружение „Артал” синоќа во Кичево одржаа концерт на отворено. На овој културен настан на Н.У.Ц.К. „ Кочо Рацин” кој се одржува во рамките на фестивалот „Меридианс” беа запазени сите здравствени препораки за безбедно следење на концертот.

Директорот на НУЦК „Кочо Рацин” Малам Османи информираше дека на концертот успешно се претстави триото Шкелзен Бафтијари – пијано, Шкелзен Пајазити – виолина и Јетмир Мехмеди – гитара,

Тој исто така додаде дека синоќа беа преземени сите мерки за да се запазат здравствените препораки за безбедно следење на концертот.

Треба да знаете
Последни објави