Search

Во Кисела Вода поставени контејнери за одлагање на електричен и електронски отпад

Денес, во Општина Кисела Вода беа поставени контејнери за одлагање на електричен и електронски отпад. Согласно потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода преку Одделението за животна средина и компанијата Елколект ДОО, контејнерите беа поставени на четири локациикај маркетот Кам во населбата Драчево и во Црниче,  во УЗ Кисела Вода кај Мечкаров, кај детското игралиште спроти автобуската постојка и во УЗ Цветан Димов кај  трансформаторот. Секретарот на Општина Кисела Вода Александар Алексовски денес на терен разговараше со претставниците од оваа компанија која е лиценцирана за воспоставување функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Дополнително, согласно Меморандумот, и во основните училишта на оваа територија, како и во објектот на Општината, се доставени корпи за одложување на електричен отпад.

Треба да знаете
Последни објави