Search

Во Кисела Вода оштетените стари контејнери заменети се со нови

По барање на Општина Кисела Вода, ЈП „Комунална хигиена” на улиците: „Антон Попов”, „Народни херои” и „Димо Хаџи Димов”, на местото на старите оштетени контејнери постави нови.

Покрај ова, работниците на јавното претпријатие извршија целосно расчистување на одложените отпадоци надвор од контејнерите, а го измија и асфалтот/павер елементите под и околу истите.

И по ова, Општината во соработка со Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена” ќе продолжи да создава чиста и зелена околина.

Локалната самоуправа апелира до сите граѓани, отпадот да не го одложуваат на јавните површини, туку во поставените контејнери.

Ви благодарам за соработката, имајте убав ден.

Треба да знаете
Последни објави