Search

Во Кисела Вода кренати 60 тони кабаст отпад

Над 60 тони кабаст отпад е собран во Општина Кисела Вода при акцијата за собирање стар мебел и електронски уреди. Како што соопшти денеска Општина Кисела Вода, се работи за активност што се спроведувала од 15 септември годинава.

– Бесплатната услуга за собирање и транспорт на отпадот, од домовите на граѓаните со општинските возила ја вршеа 30 работници, ангажирани од Општината. Активностите за собирање на отпад од домаќинствата ќе завршат утре и според планот ќе продолжат да се одвиваат следната година, се вели во соопштението.

Од Општина Кисела Вода изразуваат благодарност до граѓаните за почитувањето на повикот и апелираат отпадот да го одложуваат на површини на кои не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и возачите. Посочуваат дека за чисти јавни површини, паркови, детски и спортски игралишта, потребно е правилно одложување на отпадот, а со тоа и почитување на Законот за јавна чистота.

Треба да знаете
Последни објави