Search

Во Кина почнува Годината на стаорецот во сенка на заканите од коронавирусот

Годината на стаорецот, првиот од 12-те хороскопски знаци на традиционалниот кинески лунарен календар, почнува во Кина, засенета од големите ограничувања за патувања воведени во страв од ширење на новата болест на белите дробови што избувна во градот Вухан.

Стаорецот презема примат од Годината на свињата, што е период означен со избувнувањето на свинскиот грип во Кина.

Од безбедносни причини, Лунарната нова година нема да биде придружена со огномет во Пекинг и другите поголеми градови, иако ќе има во внатрешноста.

Традиционалната новогодишна телевизиска програма, што трае неколку часа, упати емотивен повик оваа година за борба против коронавирусот во Вухан.

Научниците веруваат дека таа вирусна болест е пренесена од диви животни. Досега починаа над 40 лица, а близу 800 луѓе се заразени, соопшти Националната комисија за здравство.

Семејствата се одбележаа еден ден пред новата година собирајќи се околу богатата заедничка маса, често ставајќи во кнедли нешто како стари монети, за кои се верува дека носат здравје.

Се разменуваат црвени коверти со пари, физички и виртуелно преку мобилната апликација WeChat, која е широко користена како систем за мобилни плаќања во Кина.

Годината на стаорец се очекува да донесе добри работи, бидејќи глодарите во Кина имаат многу подобра репутација отколку на Западот. Луѓето родени во годината на стаорец се сметаат дека се интелигентни, снаодливи и способни.

Властите очекуваат дека ќе има околу три милијарди патувања во текот на 40 дена околу празникот, со оглед на фактот дека Лунарната нова година е најважниот празник во Кина и можност семејството да се соедини.

Но, ширењето на новиот коронавирус, откриено на почетокот од овој месец во градот Вухан, уништи многу планови за патувања.

Властите во провинцијата Хубеи, каде се наоѓа Вухан, во четвртокот започнаа да ги затвораат градовите во обид да го спречат ширењето на вирусот. Во најмалку 13 градови, со население од над 43 милиони луѓе, јавниот превоз е во прекин и аеродромите и железничките станици се затворени.

Треба да знаете
Последни објави