Search

Во Кина најголем пораст на новозаболени за три недели

Кина со 16 нови случаи на инфекција со коронавирус бележи најголем пораст на нови случаи за речиси три недели откако бројот на увезени случаи се зголеми во југозападната провинција Сичуан.

Сите нови случаи се патници кои се вратиле од странство, а 11 од нив се од Сечуан, соопшти Националната здравствена комисија (НХЦ).

Кинеската државна телевизија објави дека заразениот пристигнал дома во Сечуан на лет од Египет. На истиот лет, откриени се шест асимптоматски случаи, кои Кина не ги вклучува во вкупниот број на заразени со Ковид-19.

Вкупниот број на заразени во Кина е 83.017, а 4.3434 починале.

Треба да знаете
Последни објави