Search

Во Кина жена е повторно заразена од Ковид-19 еден месец откако се излекувала

Во градот Џингжу, во кинеската провинција Хубеи, денеска е откриен случајот на жена (68), која повторно е тестирана позитивна на коронавирусот, еден месец откако беше излекувана од Ковид-19, соопштија градските власти.

Жената во моментот е во карантин и е под медицински третман, а лицата со кои била во контакт се пронајдени, тестирани и не се позитивни.

Засега нема докази за ризик дека луѓето кои се повторно заразени по излекувањето   се преносители на вирусот.

Треба да знаете
Последни објави