Search

Во карантин прифатниот центар за бегалци и мигранти на грчкиот остров Хиос

Центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти на грчкиот остров Хиос од вчера е во целосен карантин, откако се регистрирани два случаи на Ковид-19 кај 35-годишен мигрант смесен во кампот и кај вработена во центарот, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопшти Министерството за миграција и азил на Грција, претставници на Националната организација за јавно здравје ги проверуваат контактите на потврдените сучаи.

Заразениот 35-годишен човек е од Јемен и е хоспитализиран со благи симптоми.

Согласно издадената заедничка министерска одлука на министрите за цивилна заштита и за миграција и азил, а во соработка со Националната организација за јавно здравје, прифатниот центар ќе биде во карантин до 25 авгут 2020 година.

Тоа значи дека целосно е забранет влез и излез од бегалскиот камп, а привремено се прекинуваат и сите планирани активности на Невладините организаци во центарот, додека пак веќе е засилено присуството на полицијата за почитување намерките.

Треба да знаете
Последни објави