Search

Во Канада пронајден нејголемиот дијамант во Северна Америка, голем колку јајце

Најголемиот дијамант некогаш откопан од тлото на Северна Америка е пронајден во канадски рудник покрај Арктичкиот круг, пренесоа тамошните медиуми.

Канадскиот весник „Торонто стар“, повикувајќи се на компанијата „Доминион“ која управува со рудникот, ја пренесе веста дека жолт 544-каратен дијамант е откриан во рудникот Диавик, сместен на северот од Канада стотина километри јужно од Арктичкиот круг, пренесе агенцијата „Хина“.

„Дијамант со таа големина е сосема неочекуван во овој дел од светот и ова значи вистинска пресвртница за ископувањето на дијаманти во Северна Америка“, објави компанијата на интернет страницата mining.com.

Се тврди дека овој скапоцен камен е меѓу 30-те најголеми дијаманти во светот.

Еј-би-си њуз пренесува дека дијамантот со големина на јајце нема да биде продаден во неизбрусана форма, туку од „Доминион“ бараат партнер за сечење и полирање на дијамантот.

Компанијата истакна дека е премногу рано да се зборува за вредноста на пронајдениот дијамант.

Најголемиот дијамант во светот е 3.106-каратниот „Кулинан“ пронајден во 1905. година во Јужна Африка.

Треба да знаете
Последни објави