Search

Во камион во Грција откриени над десет тони шверцуван тутун

Во камион со странски регистарски таблици, спакувани во 93 кутии, биле откриени десет тони и 600 килограми шверцуван тутун, а уапсен е возачот 41-годишен грчки државјанин. Како што соопштија од Крајбрежната служба на Грција, по добиените информации, камионот бил запрен на автопат во близина на грчкиот град Халкида и при проверката бил откриен тутунот.

Околу 2,3 милиони евра е износот од избегнатите давачки за шверцуваниот тутун, а проценките се дека од запленетото количество би можеле да се произведат 17 милиони шверцувани цигари.

Тутунот бил запленет и царинската служба ќе ја пресмета точната сума на избегнатите давачки и даноци, а уапсениот возач ќе биде изнесен пред јавен обвинител.

Треба да знаете
Последни објави