Search

Во Калифорнија гори подрачјето каде што се произведуваат некои од најдобрите вина на светот

Во северна Калифорнија, во окрузите Сонома и Напа, познати по одгледувањето врвна винова лоза, пожарите почнаа повторно да се шират поради силниот ветер.

Пожарот веќе уништи стотици куќи, изгоре огромни шуми и принуди повеќе од 70.000 луѓе да се евакуираат, а новите пожари во северна Калифорнија однесоа уште три животи во последните 48 часа, објави АП.

Во текот на ноќта биле евакуирани штитениците од домот за стари и изнемоштени лица во Санта Роса, а поради алармот за пожар, блиската болница Света Елена била принудена да го прекине приемот и работењето со пациенти и да ги упати во други здравствени установи.

Пожарот повторно избувна во неделата во долината Напа-Сонома, позната по одгледувањето лози.

„За жал, имаме искуство со пожари. Мораме да се навикнеме ова да биде нашиот нов начин на живот – со мега-пожари што го уништуваат американскиот Запад”, изјави градоначалничката на округот Сонома, Сузан Горин.

Во областа Напа вчера беше издадена наредба за евакуација на околу 5.000 лица, а многу жители на овој богат лозарски регион чекаат надлежните да им наложат да ги напуштат и своите домови.

Треба да знаете
Последни објави