Search

Во кавга поради музика сопственик на кафеана го фрлил гостинот од тераса кој починал на лице место

Марко Ѓуриќ (28 г.) од околината на Трстеник е убиен во кафеана „Доминик и Маријана“  во селото Грабовац поради кавга околу музиката !

Полицијата го упасила сопственикот на локалот Доминик (51 г.) од Грабовац и тројца членови од обезбедувањето, кои се обвинети дека на брутален начин го претепале момчето и го фрлиле од терасата на локалот, кога Марко тркалајќи се низ скалите задобил смртоносен удар во главата и починал на лице место.

Како пренесуваат медиумите од соседството кафената „Доминик и Маријана“ ја бие глас дека е врталише за силни момци кои со алкохол и музика остануваат до раните утрински часови. Физичката пресметка со смртни последици се случила во ноќта меѓу саботата и неделата.

Мештаните велата дека кафаната не работела поради полицискиот час, а е отворена повторно во петокот еден ден пред трагедијата.

 

Треба да знаете
Последни објави