Search

Во Кавадарци Изложба на Наташа Милованчев

Промислувајќи го просторот”, е насловена изложбата на Наташа Милованчев, која синоќа беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. Настанот е во организација на музејот, Домот на култура “Иван Мазов-Климе” и општината, а во рамките на “Кавадаречка културна есен”.

Изложени се 25 дела работени во техника акрил и комбинирана техника на платно.

Зборувајќи за животот и делото на авторот, директорката на музејот, Весна Ѓорѓиева соопшти дека Милованчев е магистер на Факултетот за ликовни уметности и редовен професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” од Скопје. Член е на ДЛУМ од 1994 година. Добитник е на две национални награди, за сликарство и плакат.

Задоволство од мноштвото културни настани во организација на Домот на културата, музејот и градската библиотека “Феткин”, изрази и директорот на културниот дом, Александар Малинков.
Уметникот Горан Боев, рече дека е евидентна интенцијата и преокупацијата со простор на Милованчев, надворешниот и внатрешниот.

Пред присутните се обрати и авторката, која рече дека и е чест да има изложба во Кавадарци, како град расадник на уметнички таленти од типот на Мазев, Чемерски, Шемов, Темкова и други.

Треба да знаете
Последни објави