Search

Во Италија приведени 10 лица поради финансирање тероризам

Италијанската полиција уапси 10 лица во централната провинција Абруко поради даночен криминал и перење пари. Постои сомнение дека целта на овие дела е да се финансираат исламски екстремистички групи.

Инспекторите на денешната прес-конференција соопштија дека осуммина Тунижани и двајца Италијанци се осомничени дека финансирале активности со „огромни суми пари”, а кои биле поврзани со радикалната исламистичка организација Ал-Нусра.

Според обвинителите, уапсените лица, меѓу кои и имамот на џамијата Дар Асалам во близина на градот Терам и еден италијански сметководител, ги користеле парите собрани од затајување данок за да финансираат екстремистички групи во Сирија и некои радикални имами со седиште во Италија.

Властите велат дека сите 10 лица кои се приведени се под истрага за наводно перење пари во терористички цели.

Треба да знаете
Последни објави