Search

Во Италија од новиот коронавирус починаа 14, а заразени се 528 луѓе

Во Италија уште две лица починаа од последици на новиот коронавирус, со што бројот на жртви се искачи на 14, а 528 луѓе се заразени со Ковид-19.

Директорот на италијанската служба за цивилна заштита Анџело Борели изјави дека вчера биле регистрирани 420 инфицирани лица, додека нивната бројка денеска изнесува 528, од кои најголемиот број се во северниот дел на Италија.

Борели наведе дека добри вести доаѓаат од Ломбардија, најпогодениот италијански регион со новиот коронавирус, каде 37 инфицирани луѓе оздравеле.

Треба да знаете
Последни објави