Search

Во Италија недостигаат околу 60.000 сезонски работници

Во Италија моментално недостигаат околу 60.000 сезонски работници за берење зеленчук што порано созреа поради топлата зима.

Најголемиот број сезонски работници на фармите во Италија се странски државјани кои доаѓаат од земји на ЕУ (како Романија, Бугарија), многумина и илегално, без документи. Таквите работници често работат без договор, со ниски плати и без никакви права.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, годинава границите се затворени, строго се контролираат, сообраќајот меѓу државите и градовите е сведен на минимум, така што работниците кои претходно доаѓаа да работат на фармите сега не можат да стигнат.

Лидерот на партијата Лига, Матео Салвини повика 200.000 Италијани кои добиваат финансиска помош од државата да се пријават и да заработат пари за себе, но и, како што рече, да и се оддолжат на државата што им помага.

На социјалните мрежи им се порачува на оние Италијани кои немаат работа, а претходно ги обвинуваа партиите и мигрантите дека им ги земаат работните места, дека сега е нивна шанса да работат тоа што во нормални услови, без епидемија, Италијаните не сакаат да го работат. 

Треба да знаете
Последни објави