Search

Во Истанбул јавниот превоз се плаќа со рециклирање

Градските власти во Истанбул спроведуваат пилот-проект кој на корисниците на јавниот превоз им овозможува билетот да го плаќаат со рециклирање на пластични шишиња, лименки или хартија, пренесува порталот за технологија SoyaCincau.com.

Програмата се спроведува преку автомати кои примаат пластични шишиња, лименки или хартија, а потоа на корисничка картичка исплаќаат одредена сума.

Kартичката може да се користи во јавниот превоз, но и за некои други јавни услуги. Автоматите се поставени на 25 локации во градот, а градските власти до крајот на годината најавуваат уште 75 нови машини.

Еднократно возење во метрото во Истанбул чини околу 40 центи. За да си обезбедат едно возење преку рециклирање, корисниците треба да вметнат околу 87 шишиња во автоматите.

Градските власти започнаа програма за промовирање на рециклирањето во Истанбул. Имено, Турција е рангирана дури на 108. место според Environmental Performance Indexu (EPI) za 2018. Овој индекс беше воведен од Центарот за право и политика во областа на животната средина на Универзитетот Јеил со цел да рангира 180 земји според 24 критериуми во однос на заштитата на животна средина.

Турција годишно произведува 31 милион тони отпад, од кои само 11 проценти се рециклираат.

Треба да знаете
Последни објави