Search

Во Истанбул запленети фалсификувани долари во вредност од 271 милион евра

Турските власти во Истанбул запленија фалсификувани долари во вредност од 271 милион евра, објави турската телевизија НТВ.

Според властите, тоа е најголемата сума фалсификувани банкноти што досега е запленета.

При првична операција на полицијата не било откриено ништо, но подоцна била пронајдена врата зад голем електронски панел.

Уапсени се пет лица, меѓу кои и еден поранешен припадник на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави