Search

Во Иран уапсен опозициски лидер обвинет за тероризам

Иранските власти денеска соопштија дека го уапсиле лидерот на малку познатата опозициска група, Собрание на иранското кралство со седиште во Калифорнија, Џамшид Шармад, за наводно планирање на смртоносниот напад врз џамијата во Шираз во 2008 година во кој загина 14 и беа повредени повеќе од 200 луѓе.

Министерството за разузнавање тврди дека оваа организациска група планирала и други напади низ Иран во екот на влошувањето на односите меѓу Техеран и Вашингтон, кога САД се повлекоа од меѓународниот ирански нуклеарен договор.

Засега не е јасно како иранските разузнавачки служби успеале да го извршат апсењето на Шармад.

Треба да знаете
Последни објави