Search

Во Иран уапсен британско-ирански државјанин, не се наведуваат причините

Британско-иранскиот државјанин Камел Ахамди е упасен во западниот дел на Иран, пренесе Би-Би-Си.

Сопругата на анторпологот Ахмади изјавила дека тој неделава бил однесен во притвор без никакви наведени причини или објаснувања.

Ахмади, меѓудругото, се занимавал и со истражување на традицијата на сакатање на женските гениталии и договорените бракови меѓу деца во Иран.

Уште еден двоен британско-ирански државнаин, Назанин Загхари-Ретклиф, се наоѓа во ирански затвор уште од 2016 година, но тој е обвинет за шпионажа.

Претходно годинава британската Канцеларија за надворешни работи им советуваше на своите двојни државјани да не патуваат за Иран бидејќи постои ризик  од неоправдано притворање.

Ахмади е уапсен во текот на тензиите меѓу двете земји заради нападите на танкерите со нафта.

Портпаролот на Курдската мрежа за човекови права, која извести за апсењето, наведе дека Ахмади во Иран живеел долги години.

Британските и иранските официјални служби се уште не ја потврдија веста за приведувањето на Ахмади.

Треба да знаете
Последни објави