Search

Во Иран уапсени околу 30 луѓе поради протести

Иранските судски власти уапсија околу 30 лица кои протестираа на улиците на Техеран, откако Иран призна дека урнал украински патнички авион.

– Околу 30 лица се уапсени за учество во незаконски протести. Ние толерираме дозволени протести, рече портпаролот на судот Голамхосеин Есмаили.

Протести се одржаа во Иран во неделата и понеделникот, а демонстрантите ги повикуваа верските и државните водачи да се повлечат, откако војската призна дека урнала украински патнички авион по грешка.

Портпарол на Владата денеска соопшти дека авионот по грешка бил погоден од ракета, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот на Боинг на украинската авиокомпанија „Интернешнал ервејс”.

Треба да знаете
Последни објави