Search

Во Иран регистрирани уште девет жртви на коронаворусот, вкупно 43 досега

Иран денеска информира дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани уште девет нови смртни случаи од коронавирус и 205 нови случаи на заразени. Со ова бројот на жртвите до овој момент изнесува 43, а на заразени 593.

-Вкупниот број на случаи на заразени сега изнесува 593, а вкупниот број на досега регистрирани смртни случаи е 43, изјави портпаролот на Министерството за здравство Киануш Џаханпур на прес конференцијата пренсесувана директно на телевизија.

„Имаме 205 нови случаи на Ковид-19 само во последните 24 часа”, додаде тој, во кои се пресметани и 22-те случаи на новооткриеното жариште во североисточната провинција Голестан.

Треба да знаете
Последни објави