Search

Во Иран најмалку 10 лица починаа од труење со алкохол, 240 се на лекување

Десет лица починаа, а 240 се лекуваат од труење со алкохол во северозападната иранска провинција Азербејџан, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Труењето се случи пред шест недели во градот Табриз, објави АП.

Три лица ослепеа, а неколку се во кома.

Минатиот октомври, во јужниот дел на земјата, 31 лице почина од труење со алкохол.

Во Иран, консумирањето на алкохолни пијалаци се смета за грев, а според исламскиот закон, тоа се казнува со парична казна и камшикување.

Треба да знаете
Последни објави