Search

Во Ирак убиени двајца демонстранти

Ирачките власти денеска соопштија дека двајца демонстранти се убиени, а најмалку 26 се повредени во немирите што избувнаа откако Абдел Абдул-Махди најави дека планира да поднесе оставка.

Во соопштението се вели дека е свикана вонредна седница на Парламентот на која ќе се разговара за оставката на Абдул-Махди и неговиот персонал.

Парламентот мора да ја одобри оставката на Абдул-Махди за да биде валидна.

Властите соопштија дека безбедносните сили во јужниот град Наџаф убиле двајца демонстранти и раниле 15, додека најмалку 11 лица се повредени во Багдад.

Полицијата пукала и фрлила солзавец кон демонстрантите за да ги растера. ј

Треба да знаете
Последни објави