Search

Во Ирак уапсен финансискиот шеф на терористичката Исламска држава

Ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадеми соопшти дека е уапсен Сами Џасим ал-Џабури, кого САД го бараат поради управување со финансиите на терористичката група Исламска држава.

„Џабури, кој беше и заменик на поранешниот водач на ИД Абу Бакр ал Багдади, е уапсен од разузнавачките служби надвор од Ирак”, соопшти Кадеми на Твитер.

САД понудија награда до пет милиони долари за фаќање на Џабури.

„Додека служеше како заменик на ИД во јужен Мосул во 2014 година, тој, наводно, служел како еквивалент на министер за финансии на ИД, надгледувајќи ги операциите за генерирање приходи на групата од недозволена продажба на нафта, гас, антиквитети и минерали”, според американскиот Стејт департмент

Треба да знаете
Последни објави