Search

Во Индија 89 лица умреа од алкохол направен во домашни услови

Најмалку 89 лица умреле по консумација на токсичен алкохол, направен во домашни услови во североисточниот дел на индиската држава Асам, а околу 200 други се хоспитализирани, објави владин претставник во саботата.

Пред две недели повеќе од 100 луѓе умреа во северна Индија, откако пиеле токсичен алкохол.

„Секој 10 минути добиеме извештаи за жртви од различни места. Досега, околу 200 луѓе се во болницa, а многу од нив се во критична состојба“, рекол министерот за здравство во Асам, во телефонско интервју за „Рoјтерс“.

Умирањето од нелегално произведен алкохол е вообичаено во Индија, каде што многу луѓе немаат пари за да купат сертифицирани алкохолни пијалаци.

Властите наведуваат дека последните два инцидента се можеби најсмртоносни, по еден сличен случај од 2011 година кога во Западен Бенгал загинале 172 лица.

Треба да знаете
Последни објави