Search

Во Индија од свински грип починаа 105 луѓе

Најмалку 105 лица починаа поради епидемија на свински грип во северозападна Индија.

Вирусот Х1Н1 регистриран е во неколку индиски сојузни држави, а ситуацијата е најтешка во Раџистан, каде од почетокот на годината заразени се 2.854 лица.

Според локалните здравствени претставници во текот на викендот во болница починаа пет пациенти, со што бројот на смртни случаи се искачи на 105.

Ситуацијата е најтешка во градовите Џаипур, Гангангар и Сикар, каде граѓаните буквално се плашат да излезат од домовите.

Неколку стотина заразени лица се хоспитализирани и во индиските сојузни држави Делхи, Гујарат и Харјана.

Треба да знаете
Последни објави