Search

Во Израел ќе се одржат избори по трет пат за помалку од една година

Во Израел ќе се одржат нови избори, трети за помалку од една година, бидејќи ниту една партија не доби мнозинство неопходно за формирање влада.

Крајниот рок за формирање на владата истече на полноќ, при што пратениците од најголемите партии „Ликуд“ и „Сино-белите“ во средата навечер поднесоа предлог-закон за распуштање на парламентот и нови избори на 2. март, пренесе Би-би-си.

Актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот главен ривал Бени Ганц не успеаја да формираат влада, иако нивните партии „Ликуд“ и „Сино-белите“ имаат освоено 32 односно 33 места, од вкупно 120 места во парламентот.

Тие не успеаја да формираат влада на национално единство, иако претседателот Рувен Ривлин ги повика да го сторат тоа.

Против Нетанјаху во меѓувреме се водат спорови за мито и измама.

Тој досега не побара од парламентот да му гарантира имунитет на судењето, но, наводно, се очекува да го стори тоа.

Треба да знаете
Последни објави