Search

Во земјотресот во Загреб загина 15-годишно дете

Дете на возраст од 15 години е прва жртва на земјотресот кој утрово го погоди Загреб, потврдиле за „Хина“ од Загрепскиот институт за итна медицина.

„Добивме извештај за урната зграда на Ѓорѓичева 13. Екипа на брза помош излезе на терен и пронајдоа тешко повредено дете кое веќе не покажуваше никакви знаци на живот“, рече Жарко Рашиќ, директор на Институтот за итни медицина.

Детето, на возраст од 15 години, било пренесено на Клиника за детски болести, но таму само била констатирана неговата смрт.

 

Треба да знаете
Последни објави