Search

Во заклучена приколка на траект откриени 16 мигранти

Вкупно 16 мигранти се пронајдени во заклучена приколка на траект што пловел од Франција кон Ирска. Портпаролот на компанијата на чиј траект се откриени мигрантите, Јан Хемптон изјави дека се чини оти сите се во добра здравствена состојба и оти се пренесени во приватен салон на бродот каде за нив се грижат вработени на траектот.

Тој рече дека мигрантите биле пронајдени при рутинска инспекција.

Претставници на траектот ги известиле безбедносните и миграциските власти во Рослер, ирско пристаниште кое беше крајна дестинација на бродот.

Треба да знаете
Последни објави