Search

Во Женева се одржува Меѓународна донаторска конференција за Авганистан

Во Женева денеска почнува донаторска конференција на која треба да се соберат милијарди долари помош за Авганистан.

Според првичните проценки се очекува на конференцијата да бидат собрани од 15 до 20 отсто помалку пари од донаторската конференција што се одржа пред четири години, кога беа собрани 15,2 милијарди долари. Тоа пред се е поради неизвесниот тек на мировните преговори помеѓу талибанците и авганистанските власти што се одвиваат во Доха за завршување на речиси дведецениската војна во земјата, како и поради пандемијата со новиот коронавирус.

И покрај нашите страдања, сакам јасно да ја изразам нашата цврста преданост на преговорите со талибанците. Мораме да ставиме крај на насилството што го уништува детството на нашите деца, изјави претседателот на Авганистан, Ашраф Гани.

Во воведниот говор генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш апелираше на итен, безусловен прекин на вооружените судири во Авганистан.

Европска Унија најави донација од 1,2 милијарди евра во период од четири години, а Велика Британија соопшти дека ќедонира 227милиони американски долари.

Треба да знаете
Последни објави