Search

Во експлозија во Кенија загинаа 11 полицајци

Најмалку 11 кениски полицајци се убиени во експлозија на бомба на југот на земјата, во близина на границата со Сомалија. Тие загинаа кога возилото во кое биле налетало на рачно направена бомба, во близина на местото Либој.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот досега, но осомничени се екстремистите од исламистичката група Ел-Шабаб од Сомалија.

Групата, поврзана со Ал Каеда, последниве години честопати вршеше напади врз кениските безбедносни сили. Групата се „заколна” дека ќе се одмазди на Кенија, затоа што во 2011 година ги испрати своите сили во Сомалија да се борат против нивните борци.

Треба да знаете
Последни објави