Search

Во Египет почина тренер од возбуда по постигнат победнички гол во судиското продолжение

Трагедија се случи на првенствен фудбалски натпревар во Египет. Тренерот на Ал-Магд, Адхам Ел-Селхедар, почина од срцев удар во близина на аут линијата, славејќи го голот против Ал Зарка во рамките од тамошната втора лига. Ал-Магд од Александрија играше против Ал-Зарка во деветтиот натпревар од сезоната и се чинеше дека мечотќе заврши без голови.

Тимот од Александрија сепак успеа да постигне победнички гол во судиското продолжение, во 92. минута. Од возбуда за време на прославата на победничкиот гол Ел-Селхедар се онесвестил и веднаш бил пренесен во болница Ал-Амрија во Александрија каде починал. Причина за неговата смрт е срцев удар.

Ел-Селхедар го помина поголемиот дел од својата професионална кариера со Исмаили во текот на 1990-тите и успеа да ги освои титулите во египетската Премиер лига и Египетскиот куп.

Треба да знаете
Последни објави