Search

Во Европа доаѓа екстремен топлотен бран

Според најновите прогнози, доаѓа еден многу интензивен, рекорден и потенцијално смртоносен топлотен бран кој ќе погоди голем дел од Европа, пишува „Severe Weather“. Особено ќе бидат погодени Шпанија и Франција, каде што температурите ќе бидат над 40 Целзиусови степени.

Температурите ќе се зголемат и во среда, а врвот на топлотниот бран во Европа се очекува в четврток. Температурите на места во Шпанија и Франција може да се зголемат до екстремни 46 степени.

Последниот ден од топлотниот бран во повеќето земји треба да биде петок, по што треба да се појави ладен фронт во Европа.

Треба да знаете
Последни објави