Search

Во Дубаи истрчан најдолгиот пустински ултрамаратон

Популарноста на ултрамаратоните на светско ниво сè повеќе расте, според Стив Дидрих, основачот на глобалната база на податоци за маратони „Ран ултра“.

Тој истакнува дека пред 12 години во базата биле запишани 60 вакви настани, а денес нивниот број изнесува меѓу 2.200 и 2.300.

Маратонот „Дес Саблес“ во западниот дел на пустината Сахара со години се смета за најдобриот ултрамаратон, како и еден од најдолгите со 250 километри. Но, минатиот месец се појави и уште подолга трка во пустината во Дубаи.

Ултрамаратонот „Ал Мармум“ со своите 270 километри е најдолгиот во светот. Минатиот месец 19 маратонци ја истрчаа оваа должина за 5 дена на температури од 35 Целзиусови степени. Победник беше Мароканецот Рашид Ел-Морабити, шесткратен победник на „Дес Саблес“, кој го истрча ултрамаратонот за 31 час и 17 минути.

Менаџерот на трката, Оле Бром, беше задолжен за здравјето на маратонците кои трчаа на екстремни услови во пустината. Натпреварувачите носеле уреди за следење и пумпи со противотров во случај на каснување од змија.

Сепак, маратонот имал и свои позитивни страни, велат натпреварувачите, кои ја опишуваат глетката како магична.

Треба да знаете
Последни објави