Search

Во Драч запленети два милиона евра готовина

Царинските работници во најголемото албанско пристаниште Драч, попладнево заплениле над два милиона евра готовина, кои не биле пријавени.

Според албанските медиуми, парите биле скриени во камион со приколка со сообраќајни ознаки на Тирана, кој транспортирал стока од Драч за Бари и обратно.

Парите биле откриени при рутинска контрола по приситигнување на возилото со траект, кој плови на релација Бари-Драч.

Засега приведен е само возачот на камионот, жител на Тирана, а истрагата треба да открие кој е испраќачот и каде требало да звршат парите.

Возачот со камионот често патувал на истата релација, а последно за Италија заминал пред четири дена.

Ова е досега најголем износ на запленета готовина по онаа која беше пронајдена во јуни 2018 година. Тогаш, албанската полиција во соработка со италијански Интерпол во две возила „тојота јарис” откри 3,4 милиони евра, пристигнати со траектот Бари-Драч. Возилата тргнале од Белгија, а низ Италија минале само транзит.

Поради пандемијата на Ковид-19, Албанија на 10 март целосно го прекина поморскиот сообраќај кон сите земји, беше дозволено испловување и допловување само на траекти со различна стока. Според најавите, поморскиот сообраќај со Италија, за туристи треба да биде отворен најдоцна до 1 јули.

Треба да знаете
Последни објави