Search

Во Доха уште една рунда преговори помеѓу САД и талибанците

САД и талибанците денеска во ги продолжија преговорите за завршување на војната во Авганистан.

Американскиот претставник Залмај Халилзад денеска во Катар имаше состанок со преговарачот на талибанците мула Абдул Гани Барадар.

Барадар е еден од основачите на талибанците и има најголемо влијание врз членовите на бунтовничката група.

САД и талибанците пред две години почнаа директни преговори. Вашингтон сака да го намали военото присуство во Авганистан, каде сега се распоредени 14.000 американски војници.

Договор помеѓу талибанците и САД нема да овозможи крај на војната бидејќи талибанците треба да постигнат мировен договор со Владата во Кабул.

Треба да знаете
Последни објави