Search

Во дербито во женскиот фудбал Каменица Саса подобра од Деспина Прилеп

Во дербито од Првата женска фудбалска лига екипата на Каменица Саса повторно ја презеде лидерската позиција на табелата откако на градскиот стадион во Македонска Каменица славеше над директниот конкурент за првото место, екипата на Деспина Прилеп. Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Ана Димитровска од пенал.

Во екипата на Каменица Саса поради позитивни на Ковид-19 недостигаа неколку стандардни играчи што според стручниот штаб уште повеќе ја прави ,,слатка” победата.

Борбата за првото место продолжува во следното коло за кое претендираат три екипи со ист број на бодови, од кои ,,Каменица Саса” предничи поради подобрата гол разлика.

Екипата од М.Каменица има добра шанса во следното коло да ја задржи лидерската позиција, додека екипата на Деспина Прилеп ќе игра против уште еден конкурент за висок пласман, екипата на Тиверија.

Треба да знаете
Последни објави