Search

Во Делчево промовирани делата „Ј.А.С.” и „Средби и разминувања” од Јасмина Атанасова Симјанска

Во организација на Центарот за култура „Никола Јонков – Вапцаров”, синоќа во Делчево беа промовирани делата „Ј.А.С.” и „Средби и разминувања” од Јасмина Атанасова Симјаноска.

Промоцијата по многу нешта беше изненадување за авторката, а сето тоа добро го изведе сатиричарот Миле Ѓорѓијоски, кој ја имаше улогата на промотор.

– Мене ми е посебно драго затоа што и покрај бројни пребарувања по Гугл и по некои архиви, не најдов дека некаде е организирана промоција, во која и самиот автор не знае, дека нему се прави промоција. Токму од таа причина се создаде еден симпатичен „штимунг”, при што направивме еден микс на поезијата на Атанасова Симјаноска, додадовме и малку сатира, со што мислам дека публиката уживаше, рече Ѓорѓијоски.

Двете книги се надополнуваат една на друга, и како што вели авторот Атанасова Силјаноска, тие се лична молитва која допира до луѓето.

– Можеби господинот Ѓорѓијоски на неколку пати спомна дека двете книги се надополнуваат една со друга, но она што сметам дека е најважно е тоа што ќе го отцепиш од срцето и од душата да продолжи да живее. Секој од нас има своја приказна која ја носи како клетство и како молитва и јас сум благодарна што вечерва моите зборови допреа до луѓето, истакна Атанасова Силјаноска.

Промоција, како што посочи директорот на Центарот за култура, Методи Толевски, е дел од одбележувањето на Светскиот ден на книгата.

Треба да знаете
Последни објави