Search

Во Делчево презентиран Оперативниот план за намалување на невработеноста

Пред стопанствениците од Делчево денеска беа презентирани активните мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година како дел од Оперативниот план на Агенцијата за вработување.
Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска истакна дека во насока на зголемување на вработеноста согласно Оперативниот план на Владата за 2019 година се издвоени 1,1 милијарда денари, што е двојно повеќе во споредба со 2016 година.
– Интересот за користење на буџетските средства наменети за овој Оперативен план од 1,1 милијарда денари е голем од страна на работодавачите како на територија на целата држава, така и на подрачјето на општина Делчево, посочи Јовановска.
Годинава, како што нагласи, акцентот е ставаен на преквалификацијата и доквалифиикацијата.
– Станува збор за обуките за побаруваните занимања и занаети, согласно потребите на пазарот на труд, активности кои се дел од сетот мерки за зголемување на вработливоста и на кои се работи со претставници на владини институции, стопанските комори, донаторите, УНДП и Фондот за иновации, рече Јовановска.
Средбите од овој тип се организираат со цел да се презентираат активните мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави