Search

Во Делчево поделени над 100 пакети на семејства од висок социјален ризик

 Невладината организација „Банка за храна” во соработка со Регионалниот центар за застапување, денеска во Делчево поделија над 100 прехранбени пакети за најпогодената категорија граѓани од Ковид-19 кризата. Како што информираше координаторот Душко Христов, помошта е донација од француската и британската амбасада во Република Северна Македонија.
-Како „Банка за храна” која е организација која веќе 10 години постои и работи во Македонија првпат сме во Делчево и денеска сме тука со исклучителна цел и намера, а тоа е да доделиме 100 и повеќе пакети на претходно загрозени лица, но и лица погодени од Ковид-19 кризата. Помошта е стигната од амбасадата на Франција и Британската амбасада, кои обезбедија пакети, кои денес и утре ќе бидат споделени на семејствата кои имаат потреба од помош, рече Христов.
Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски кој учествуваше во распределбата на пакетите, истакна дека Општината ќе ја продолжи добрата соработка со граѓанските организации, се со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
-Ние како локална самоуправа имаме одлична соработка со сите невладини организации и граѓански здруженија и верувам дека соработката ќе продолжи и понатаму. Бидејки сите ние заедно и централните и локалните власти, како и невладините организации сме чинители на градењето на општеството во кое живееме, нашата понатамошна цел ќе биде да го подобриме квалитетот на живот на нашите граѓани. Верувам дека во иднина ќе се воспостави еден систем со сет на мерки, кои ќе се реализираат во насока на помагање на најранливите категории граѓани, рече Трајковски.
Организацијата „Банка за храна” – Македонија е непрофитна, добротворна, хуманитарна организација чија главна дејност е собирање прехранбени продукти и други основни животни намирници, нивно складирање, сортирање и дистрибуција до сиромашните и социјално загрозените категории со посредство на хуманитарните организации, социјалните установи и институции кои, исто така помагаат и се вклучени во борбата против сиромаштијата и гладта.
Треба да знаете
Последни објави