Search

Во Дебар еден новозразен,20-ти случај во изминатата недела

Во последното деноноќие во Дебар регистриран е еден новозаразен со Ковид-19, што е 20-ти случај во изминатата недела.

Од почетокот на пандеминијата односно од појавата на првиот случај, на 26 февруари, досега вкупниот број на заразени е 110 лица, од кои тројца од Центар Жупа. Битката со опасниот вирус ја добиле 48, починале четворица, а активни на болеста се 58 лица, од нив десеттина болнички се лекуваат во здравствени установи во Скопје.

Од вкупниот број, пак, во првата фаза на пандемијата се 51 случај, додека од 5. јуни кога беше регистриран првиот случај по педесет дена, се останатите 59 заразени.

Од општинскиот Оперативен штаб апелираат на строго почитување на мерките,носење заштитна маска, одржување на личната хигиена, физичка дистанца, избегнување групирања и собири.

Треба да знаете
Последни објави