Search

Во две сообраќајни несреќи во Иран загинаа 18 лица, 14 се повредени

Денес,  18 лица загинаа во две одделни сообраќајни несреќи, а 14 беа повредени, објави иранската државна телевизија.

Минибусот паднал во кањонот во централната провинција Исфахан, при што загинаа 11 лица, а осум сериозно повредени патници биле однесени во болница, објави АП.

Седум лица загинаа при судир меѓу автобус и автомобил во југоисточната провинција Систан и Балучистан.

Огромен пожар ги зафати возила кои се судрија, објави иранската телевизија.

Во Иран годишно умираат околу 17.000 луѓе поради непочитување на сообраќајните прописи, лоши возила и несоодветни служби за спасување.

Треба да знаете
Последни објави