Search

Во Данска запленети сто килограми кокаин и уапсени 27 лица

Данската полиција денеска уапси 27 лица осомничени за илегална трговија со дрога откако на товарен брод, регистриран на Бахамите, откри и кофискува 100 килограми кокаин.

Полицијата во Копенхаген соопшти дека кокаинот е запленет вчера, во текот на меѓународно  координирана акција.

Сите осомничени се странски државјани и според данските закони можат да бидат осудени на 16 години затвор. Помеѓу уапсените има државјани на Русија, Летонија, Еквадор и Филипини.

Вредноста на запленетиот комаин се проценува на околу 50 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави