Search

Во Далас загрижени, Дончиќ пак се повреди

Далас славеше победа во дербито со Њу Орлеанс од 111:106, но не можеа во целост да се израдуваат поради повредата на Лука Дончиќ.

Дончиќ повторно беше одличен и постигна 31 поен, но при еден влез во третата четвртина лошо се призејми и веднаш се фати за десното стапало. Во Далас се посебно загрижени затоа што Дончиќ поради повреда на скочниот зглоб неодамна пропушти три натпревари во јануари.

Словенецот ноќеска ја повреди десната нога во тежок судир со Јонас Валанчиунас, откако при обидот да поентира беше блокиран од Брендон Инграм.

Судиите најпрво досудија лична грешка за Словенецот, но во видео прегледот од играта ја оценија како валидна блокадата на Инграм врз Дончиќ.

Засега не е познато за каква повреда се работи, тоа го изјави и тренерот Џејсон Кид по натпреварот.

„Не знаеме кога ќе се врати, ќе видиме како ќе се чувствува. На овој натпревар секако во тој период веќе немаше потреба да игра без разлика на резултатот“, изјави Кид на прес-конференцијата.

Кога се повреди Дончиќ Далас водеше со 26 разлика, Словенецот на паркетот помина 28 минути.

Треба да знаете
Последни објави