Search

Во грчкиот Парламентот во среда – прво гласање за избор на нов претседател на државата

В среда, на 22 јануари 2020 година, во грчкиот Парламент ќе се одржи првото гласање за избор на Екатерини Сакеларопулу за претседател на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

За Сакеларопулу да биде избрана за шеф на државата уште при првото гласање потребно е да добие 200 гласови од вкупно 300 пратеници во Парламентот, што значи дека освен од 158-те пратениците од владејачката Нова демократија, ќе треба да добие поддршка и од пратеници од опозициските партии.

Во текот на денешниот ден партиите што се дел од грчкиот Парламент ќе одржат состаноци за да ја одредат нивната позиција во однос на тоа дали ќе гласаат „за” или „против” за Екатерини Сакеларопулу да биде новиот претседател на Грција.

Треба да знаете
Последни објави