Search

Во Грција уапсени две лица поради подметнување на пожар

Грчката противпожарна служба соопшти дека денеска на Пелопонез биле уапсени две лица на возраст од 47 и 43 години, поради сомнеж дека подметнале пожари, како и дека едниот од уапсените го направил тоа три пати во период од една недела, пренесе „АП“.

Како што се наведува, топлото, суво и ветровито време го поттикнале ширењето на огнот, а грчката противпожарна служба само во последните 24 часа распоредила 700 пожарникари за гасење на пожарите.

Најопасниот пожар изби на Самос и сега е ставен под контрола, меѓутоа, властите превентивно евакуираа четири хотели на островот.

Треба да знаете
Последни објави