Search

Во Грција се укинуваат задолжителното носење маска во молови и ограничувањето на бројот на гости на масите во угостителските објекти

Посетителите на моловите и трговските центри во Грција повеќе не се обврзани да носат заштитна маска, додека пак во кафулињата и угостителските објекти нема ограничувања на бројот на гости на една маса, согласно новата заедничка министерска одлука, јави дописничката на МИА од Атина.

Според конкретната одлука што е во сила до 12 јули 2020 година се укинува задолжителното носење маска за посетителите на моловите и трговските центри, а останува задолжителна за вработените.

Во Грција, и понатаму, сите оние кои ги користат превозните средства – јавниот превоз, авиони, бродови, траекти, возови, обврзани се да носат заштитна маска.

Во истата министерска одлука, се укинува и ограничувањето, на масите во кафулињата и угостителските објекти да има најмногу шест лица, а продолжуваат да важат правилата и мерките за растојание помеѓу масите и бројот на гости во зависност од големината на површината.

Треба да знаете
Последни објави