Search

Во Грција потврден прв случај на омикрон

Новиот сој на коронавирусот се појави и на Балканот. Грчката влада го пријави првиот случај на Омикрон кај лице кое во земјата дошло од Јужна Африка. Лицето пристигнало во земјата на 26 ноември и веднаш бил направен рапид тест на аеродромот кој покажал негативен резултат. Следниот ден му се појавиле благи симптоми а два дена подоцна пациентот добил позитивен резултат.

„Само прашање на време беше кога првиот случај ќе се појави во Грција бидејќи тој многу брзо се шири низ светот. Пациентот останува во карантин, додека контактите што ги имал се негативни за коронавирусот и исто така се во изолација.“ – изјави Теоклис Заутис – претседател на Национална организација за јавно здравје.

Грчкиот парламент изгласа задолжителната имунизација на лицата над 60 години…Првата доза од вакцината ќе мора да ја примат до 16 јануари следната година а во случај на непочитување на мерката, следува казна од 100 евра месечно..

Главниот научен советник на Француската влада, Жан-Франсоа Делфраиси, стравува дека новиот сој би можел да стане доминантен во Франција до крајот на јануари.. Според него, голем проблем во моментов се уште е делта сојот кој забрзано се шири низ земјата…

„Треба да видиме прогресивен пораст на варијантата Омикрон, која ќе ја надмине Делта, веројатно до крајот на јануари. Божик не е загрозен ако населението и носителите на одлуки се многу внимателни.“ – изјави Жан-Франсоа Делфраиси – главниот научен советник на Француската влада.

Омикрон варијантата, која прв пат беше откриена во Јужна Африка, веќе стана доминантен вид во земјата и предизвика нагло зголемување на бројот на ново заболени, соопштија тамошните здравствени власти. Од Национален институт за заразни болести велат дека кај повеќе од 70% од новите случаи, присутна е новата верзија на вирусот.

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш вели дека затворањето на границите поради Омикрон варијантата е неефикасна мерка, и напомена дека земјите не треба да бидат казнети поради идентификување и споделување клучни научни и епидемиолошки информации со светот…

„Со вирус кој не познава граници, ограничувањата за патување што изолираат една земја или регион, не само што се длабоко неправедни и казнени, туку се и неефикасни. оа е „неправедно“ и „неморално“. – изјави Антонио Гутереш – генерален секретар на Обединетите Нации.

Според Светската здравствена организација, Омикрон сојот веќе е присутен во најмалку 24 земји ширум светот.

Треба да знаете
Последни објави