Search

Во гроб во Индија пронајдено живо бебе

Новородено женско бебе било пронајдено закопано живо во северната индиска држава Утар Прадеш, јавува Би-би-си. Маж го пронашол бебето ставено во сад и положено во гроб, откако отишол да ја погреба својата новородена ќерка, која починал неколку минути по раѓањето. Мажот веднаш повикал полиција и бебето било однесено во болница, а нејзината здравствена состојба се подобрува. Полицијата соопшти дека ги бара родителите на бебето и испитувала кој ја закопал жива. Началникот на локалната полиција изјави дека бебето го пронашол дуќанџија чија ќерка била родена предвреме и починала во четвртокот. Во вечерните часови тој отишол да го погреба нејзиното тело и пронашол живо закопано бебе.

„Додека копале гроб за нивната ќерка, со лопатата удриле во некаков вид на корпа и ја извлекле надвор. Во неа пронашле живо бебе“, објаснил началникот.

Полицијата се сомнева дека родителите намерно го погребале бебето. Во Индија, жените се сметаат како финансиски товар, особено во сиромашните семејства. Поради ова, вообичаени се абортуси на женски фетуси, но не е реткост и да се убие женско новороденче.

Треба да знаете
Последни објави